Поевтинува дизелот и дел од бензините
11.05.2026 14:05
| KumanovoNews
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на дизелот се намалува за четири денари, а за половина денар поевтино ќе се продава бензинот БС-98.
Новата цена на дизелот е 89,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе се продава за 86,5, а цената на бензинот БС-95 не се менува и останува 85 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 94,00 ден/лит. Мазутот М-1 НС, поскапува за 0,248 ден/кг, и ќе се продава по 49,968 ден/кг.