×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реакција на текстот „Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака, кажа Димитриевски“

    12.07.2018 08:01 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, реагираа на објавата на текстот „Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака, кажа Димитриевски“.

    Реакција на текстот „Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака, кажа Димитриевски“

    Писмената реакција испратена до Кумановоњус ви ја пренесуваме во целост.

    - Како градоначалник на општината Куманово, остро реагирам на вашиот очигледно тенденциозен наслов на веста, која нема врска со вистината, односно со она што го искажав како мој став на тринаесетата седница на Советот на Општина Куманово, така што истиот претставува оксиморон.

    Имено, на таа седница многу јасно и разбирливо кажав дека Општина Куманово има сериозни кадровски недостатоци кои на крај се одразуваат на квалитетот.

    Доколку воопшто сте се обиделе да бидете „медиум“, ќе присуствувавте на седницата на која транспарентно и детално ја претставив ситуацијата со т.н. урбан хаос во Куманово. На истата ќе можевте да ги слушнете моите зборови кои беа во заштита на граѓаните, но и на чесните угостители.

    За да не продолжите со спинување и ширење на лажни вести, уште еднаш ќе ја повторам мојата констатација која на секој здраворазумен политичар ќе му биде јасна:

    Општината со преку 115.000 жители, како што е Куманово, има сериозни кадровски недостатоци во делот на урбанизмот, односно има само тројца инспектори кои треба да ја покријаат оваа наша огромна (по територија) општина и нормално големиот број на жители.

    Затоа мораме и ние како општина и државата да направиме нешто повеќе, не само за Куманово, туку и за другите општини, и да почнеме да го решаваме хаосот направен и оставен зад нас во изминативе десетина години.

    Ова и јас, но и вие како „медиум“ им го должиме на нашите сограѓани! - стои во реакцијата до Кумановоњус.

    Бидејќи  неосновано сме нападнати како медиум, сакаме да му предочиме на градоначалникот Димитриевски и на целата кумановска јавност дека текстот, „Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака“, се темели на неговото обраќање во Советот на Општината, а насловот е извлечен врз основа на изјавите, кои можат да се видат и слушнат на снимката од седницата.  Во никој случај не се работи тенденциозен текст, а уште помалку за спин и лажна вест, која има за цел да ги дезинформира граѓаните.

    Градоначалникот Димитриевски во реакцијата, всушност и ништо не демантира, туку напротив само го потврдува она што ние го заклучивме -„Општина Куманово има сериозни кадровски недостатоци кои на крај се одразуваат на квалитетот“. Случајно или намерно пропуштил да наведе дека изјави - „Во Куманово е воведена пракса да гради кој каде сака и што сака, а притоа никој да не му смета во тоа“, со што идиректно за виновници ги посочи инспекциските служби.

    Во однос на обвинувањето за нашето не присуство на Советот, го потсетуваме градоначалникот дека седниците директно се пренесуваат на една локална телевизија и на нејзиниот интернет портал, па не е неопходно физичко присуство на новинарите и граѓаните во салата, за да ги слушнат изјавите на градоначалникот и советниците.

    И на крај, за навредите и дисквалификациите „медиум“ во наводници и „доколку воопшто сте се обиделе да бидете „медиум““ не сакаме да ги коментираме, оставаме граѓаните да го ценат односот и ароганцијата на градоначалникот.