×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака, кажа Димитриевски

    10.07.2018 07:55 | KumanovoNews

    Во Куманово е воведена пракса да гради кој каде сака и што сака, а притоа никој да не му смета. Следниот месец ќе барам одобрување за вработување на стручни и компетентни луѓе за да го засилам овој сектор, најави Димитриевски

    Куманово нема квалитетна инспекција, па гради кој каде сака, кажа Димитриевски

    Како неквалитетни и неоспособени ги оцени инспекциските служби градоначалникот на Куманово Максим Димитриевки, поради што градот се соочува со сериозни комунални проблеми.  Најголем недостаток се кадровскиот и стручен потенцијал на  градежната инспекција и секторот за урбанизам во Општина Куманово. Поради недоволниот број на луѓе, масовно се крши законот за градба и се трупаат комуналните проблеми на граѓаните. За да воведе ред, градоначалникот најавува нови вработувања во инспекциските служби.

     „Општината има сериозни кадровски проблеми во делот што значи квалитетна и оспособена инспекциска служба, за вршење на инспекции и контола во делот на градба. Во Куманово е воведена пракса да гради кој каде сака и што сака, а притоа никој да не му смета во тоа. Ви најавувам дека следниот месец ќе барам од Советот да добијам одобрување за времено вработување на стручни и компетентни луѓе за да го засилам овој сектор. Најавувам дека во Општина Куманово ќе продолжиме со борба против дивоградбите  и она што значи непрописно градење и извршување на градежни работи,“ - изјави градоначалникот Димитриевски, на последната седница на Совет на Општина Куманово.

     Општина Куманово има само тројца градежни инспектори, а потребни се 15 бидејќи покриваат општина од 115.000 луѓе. Недоволен број на вработени има и во секторот за урбанизмам кои работат на постапките за легализација.

    „Инспекцијата нема правници, а согласно овластувањата има прво да пишува кривични пријави на оние коишто прват бесправна градба. Во делот на урбанизмот имаме над 16.000 барања за легализација на диво изградени објекти. Во моментот во одделението за урбанизам имаме потреба од 10 архитекти, градежни инжинери и правници со предходно искуство во управна постапка“, - кажа градоначалникот.

    Димитриевски смета дека на општините им се дадени големи работни обврски, без доволно стручни капацитети за работа. Граѓаните се жалат дека има смет на секоја слободна површина во градот и дивоградби на секој чекор. Општината набави и дрон со цел полесно да ги открие дивоградбите, но сеуште не е ставен во функција.

     Градоначалникот Димитриевски на локалните избори ја доби подршката од граѓаните со ветување дека ќе се справи со урбаната мафија и дивоградбите, па по осум месеци крајно време е покрај декларативно, да започне и во пракса да го спроведува ветеното, коментираат граѓаните по неговите изјави во јавноста дека тој ги наследил таквите состојби од предходниот градоначалник Зоран Дамјановски- Циц.

    (Фото:Димитриевски полага цвеќе пред споменикот Жена-борец на градскиот плоштад, а зад него е најголемата дивоградба во центарот на градот, за која пред 6-7 месеци најави дека ќе ја урне)