×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Референтка за лични карти ја злоупотребила положбата

    26.03.2010 09:31 | KumanovoNews

     Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Е. (29) од с.Ваксинце, помлада референтка за лични карти во Одделението за управни работи при СВР Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

    Референтка за лични карти ја злоупотребила положбата

     Во текот на јануари годинава, пријавената неовластено парафирала барање за промена на живеалиште на лице од Скопје. При тоа не ги направила потребните оперативни проверки во системот за автоматска обработка на податоци, а извршила промена на неговото живеалиште, овозможувајќи му да поднесе документи за издавање на пасош и лична карта.