×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструиран патниот премин кај селото Лопате

    21.06.2019 07:53 | KumanovoNews

    Целосно е реконструиран патниот премин на регионалниот пат Куманово – Опае – Липково кај селото Лопате, кој поради значителната оштетеност беше сериозен проблем за поминување на патничките возила.

    Реконструиран патниот премин кај селото Лопате

    Преземените активности ќе овозможат побезбеден и поквалитетен сообраќај на патничките возила преку патниот премин.

    Поради честите оштетувања на патниот премин и отежнато движење на патничките возила заедно со Јавното претпријатие за државни патишта организиравме заеднички активности за подолготрајно решавање на проблемот. ЈПЖИ Железници изврши демонтажа на постојните гумени елементи, чистење на загадената засторна призма, дополна на толчаник, машинско регулирање на колосекот и повторно монтирање на гумените елементи со нивно нивелирање и вклопување според нивелетата на асфалтната подлога, додека Јавното претпријатие за државни патишта изврши асфлтирање на патот помеѓу колосеците, - соопшти Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници.