×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструиран Зелениот пазар во Куманово

    06.06.2019 14:56 | KumanovoNews

    Со пари од европски проект за прекугранична соработка реконстуиран е Зелениот пазар во Куманово.

    Реконструиран Зелениот пазар во Куманово

     Преку проектот „Одржлив пазар на свежи земјоделски производи на земјоделци од прекуграничната област во општините Куманово и Гњилане“, обезбедени се 324.000 евра, за двете општините. Министерството за локална самоуправа учествуваше со 15 проценти од вкупната сума за реализација на кумановскиот проект. 

    Градоначалниците на  Куманово и Гњилане потенцираа дека целта на проектот е да се подобрат условите на пазарот за трговците, но и за крајните потрошувачи, граѓаните.

    „Со тие пари успејавме да направме делумна реконструкција на Зелениот пазар, и тоа да го сменивме старите азбесни плочи на покривот кој протекуваше, ги реконструиравме санитарните јазли и обезбедивме мобилни тезги за потребите на пазарот и манифестациите во градот. Со оваа инвестиција ги подобривме условите како за граѓаните, така и за луѓето кои работат на пазарот, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Директорот на ЈП „Пазариште„ Илир Саити, вели дека проектот е големо значење за нивното претпријатие, бидејќи ќе го разубави пазарот и ќе ги подобри условите за работа.

    Оваа успешна имплементација на овој европски проект е уште еден поттик и мотив да аплицираме на други проекти, - изјави Саити.

    Градоначалникот најави дека подготвуваат нива апликација со градоначалникот на Гњилане за инфраструктурни проекти, а комуникацијата ќе ја подобри отварањето на новиот граничен премин Белановце- Станчиќ на македонско-косовската граница, во општина Липково.