×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Решавање на инфраструктурните и комунални проблеми приоритети на граѓаните

    11.07.2018 10:50 | KumanovoNews

    Инфраструктурните проблеми, дивоградбите, урбаниот и сообраќајниот хаос, валканиот град, узурпираните тротоари, немањето на зелени површини и паркинг простор, се само дел од проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат во Куманово, и бараат нивно решавање од локалната власт и државата.

    Решавање на инфраструктурните и комунални проблеми приоритети на граѓаните

    Овие аномалии денеска ги мапираа фокус групите составени од новинари и невладини организации, на првата работилница од проектот „Развој на општествена одговорност“, на телевизија Плус, финансиран од Фондација отворено општество Македонија.  

    По лоцирањето на проблемите и извршената анализа, барањата на граѓаните ќе бидат доставени до надлежните во Општината за да се најде решение за истите.

    „Целта е да се воспостави двонасочен канал на проток на информации помеѓу граѓаните и претставниците на  локалната самоуправа. Доколку граѓаните ги потенцираат проблемите со кои се соочуваат се надеваме дека побрзо ќе дојде до нивна реализација“,- изјави Драган Ивановски, менаџер на проектот „Развој на општествена одговорност“, кој денеска започна да се имплементира.

    По завршување на испитувањето, ќе се изработи спот на кој ќе се истакнат проблемите на граѓаните, а во дебатни емисии надлежните од локалната самоуправа ќе дадат одговор и решение за натрпаните проблеми.