×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово до 9 часот на парламентарните избори излезноста е 4,23, а на претседателските 3,91 отсто

    08.05.2024 11:03 | Оливера Пешевска

    Во Куманово до 9 часот на парламентарните избори излезнооста е 4,23 отсто, а за претседателските 3,91 проценти.

    Во Куманово до 9 часот на парламентарните избори излезноста е 4,23, а на претседателските 3,91 отсто

    Во Куманово на двојните избори, според податоците на ОИК право на глас за претседателските избори имаат 93.508, додека за парламентарни 93.635 избирачи кои гласаат на 167 места.

    Во Липково, за претседателските избори евидентирани се 26.030 гласачи, за парламентарните 26.024 гласачи кои гласаат на 36 избирачки места соопштија од ОИК Липково.

    Во Старо Нагоричане има 3.043 гласачи за претседателски, а за парламентарни 3.046 кои гласаат на 38 избирачки места од кои две се споени, односно ги спроведуваат 36 избирачки одбори.

    На национално ниво за претседателските избори се обработени 1009 избирачки места и излезноста е 4,17 посто. Најголема излезност е забележана во Пробиштип, а  најмала во Боговиње. Споредено со податоците од вториот круг,од пред 5 години излезноста е помала за 1,99 проценти.

    На парламентарните избори, пак се обработени 1033 избирачки места каде е констатирана излезност од  4,45 проценти. Споредено со изборите од 2020 година намалувањето на излезноста е 0,74 посто.