×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ресторан Браво во етно руво

    26.12.2015 11:11 | KumanovoNews

    Етно ресторанот Браво, кој се наоѓа во спортската сала Куманово од пред неколку дена започна со работа во целосно реновиран и преуреден простор.

    Ресторан Браво во етно руво

    Исклучително пријатниот амбиент, комбинација на цигла и дрво со етно елементи и детали вклопени со вкус и ненаметливост даваат специфичен дух и автентичност на овој угостителски објект.

    На површина од 300 метри квадратни, ресторанот е идеално место за сите видови на прослави до 200 гости. За престојните празници секоја вечер се организираат предновогодишни забави со музика во живо.

    Специјалитет на куќата е кумановска пастрмајлија, а подготвуваме и секаков вид на јадења од македонската кујна и врвни специјалитети по нарачка. Имаме и голем избор на пици, топли даски, салати, пијалаци, десерти... Вршиме кетеринг на целокупното мени - велат од Браво.

     Ресторанот располага и со уредена бавча, парк со детски игрчки и голем паркин простор, поради што претставува совршеното место за семеен или деловен ручек и вечера.

    Цените се прифатливи за секој џеп, а врвната услуга, професионалноста и љубезноста на сопственикот ќе ве натераат повторно да се вратите на ова уникатно место.

    Доколу сеуште не сте одлучиле каде да се дружите пред новогодишно во пладневните или вечерните часови, јавете се на 031/550 693. Ресторанот работи секој ден од 7 до 24 часот, а за викендите до 1 часот по полноќ.