×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Рома-труба фест“ вечерва на градскиот плоштад

    05.09.2018 08:43 | KumanovoNews

     На Градскиот плоштад во Куманово вечерва ќе се одржи традиционалната музичка манифестација „Рома-труба фест“.

    „Рома-труба фест“ вечерва на градскиот плоштад

    Sвезда на вечерта ќе биде пејачката Стојне Николова, која ќе ја отпее химната на Ромите „Џелем, џелем“, а ќе настапи и Ристе Ристевски од Охрид, учесник на Гранд звезди, со оркестарот на Џамбо Агушев.

    Оваа година за првпат ќе ни гостува Тони Димитровски од Битола, кој е врвен музичар кој живее во Австралија. Ќе учествуваат пет најдобри оркестри од Србија кои учествувале на Гуча: „Кристијан Трајковиќ“, „Исидор Зечевиќ“,„Владимир Ивановиќ“, „Елвис Дејвид Бајрамовиќ“, „Мартин Салијевиќ“.  За првпат оваа година ќе имаме и оркестар „Преслан“ од Бугарија, потоа „Кемал Асанов“ од Струмица. Концертот на Џамбо Агушев ќе трае повеќе од еден час, - изјави Самет Салиевски, претседател на Ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“,  организатор на фестивалот.

     Специјален гостин ќе биде Ферус Мустафов, кој е уметнички директор на фестивалот.

    Секој оркестар ќе има од 20 до 30 минути програма пред публиката. Имаме квалитена програма, и на љубителите на блех музиката ќе им понудиме добра забава, затоа ги повикувам граѓаните да дојдат во што поголем број, - повика Салиевки.

    Фестивалот се одржува една вечер, и ќе биде со ревијален карактер.