×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Саем на книга на издавачката куќа „Полица“ во Куманово

    17.09.2019 09:02 | KumanovoNews

    Пред библиотеката „Тане Георгиев“ во Куманово, од вчера до сабота (16-20 септември), ќе се одржи саем на книга од издавачката куќа „Полица“.

    Саем на книга на издавачката куќа „Полица“ во Куманово

    На саемот на книга има околу 70 наслови, а цените на книгите се со саемски попуст.

    „Бидејќи издавачките куќи во текот на  летото ги користеа одморите, сега решивме да продолжиме со саемите на книгите, заради почетокот на школските денови. Исто така и за да се популаризира книгата и да им се доближи на сите оние кои сакаат да читаат“, - вели Марјан Петковски,  директорот на библиотеката „Тане Георгиев“ во Куманово.

    На саемот се изложени и најпопуларните книги на издавачката куќа „Полица“, а тоа се книгите од едицијата „Литературни ѕвезди“, кои можат да се купат за симболична цена. На овој саем, од едицијата се застапени насловите: „Драми“ од Тенеси Вилијамс, „Раскази од Колима“ од Варлам Шаламов, „Невидливиот човек“ од Ралф Елисон, „Комедии“ од Плаут, „Поезија“ од Тагоре, „Фаталистот Жак и неговиот господар“ од Дидро, „Огномет од суети“ од Томас Волф итн.

    „На овој саем, исто така, имаме многу книги за деца, поврзани со астрономијата,  театарот, археологијата  итн., теми од културата и науктата, па се надеваме дека децата ќе бидат заинтересирани за истите“,- вели Сара Александровска, задолжена за продажбата на книгите.

    Исто така, можат да се најдат и книги од светската белетристика, класичната литература, детски и едукативни книги, книги од популарни личности итн.

    Саемот трае од 10 до 18 часот.