×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ доби 814 нови членови

    29.12.2018 09:58 | KumanovoNews

    Општинската организација на СДСМ Куманово го зголеми своето членство. Партиски книшки синоќа добија 814 лица од сите возрасти.

    СДСМ доби 814 нови членови

     Книшките им ги врачија потпретседателот на Владата Оливер Спасовски и претседателот на огранокот Мартин Костовски, во присуство на голем број на членови и симптизери на партијата.

     На крајот на годината нема ништо поубаво отколку да ви се зголеми семејството. Општинската организација на СДСМ од денеска е побогата за 814 членови, млади луѓе интузијасти, кои сакаат да се вклучат во партијата. Јас на сите нив им честитам за изборот да бидат дел од СДСМ во време кога се испишува историјата на државата, кога треба да се искористат сите капацитети. Со ова испраќаме порака дека СДСМ секогаш е отворена за квалитетни, млади, образовани кадри, кои што сакаат да се вложат и во партијата и во државата, - истакна Спасовски.

    Тој, истовремено оддаде признание и на сите останати членови и симпатизери на СДСМ, кои во изминатиот период биле поддршка, мотивација и поткрепа на претседателот Зоран Заев и највисокото партиско раководство да истрае во патот за подобро утре на државата и граѓаните.

    Министерот смета дека 2018 година ќе биде запаметена по големиот прогрес, бидејќи се преземени храбри и историски чекори, кои на Македонија и донесоа покана за членството ва НАТО и приближување до европското семејство.

     Во 2019 година ќе работиме за развој и просперитет на државата. Јас сум убеден дека тоа ќе биде годината во која Македонија ќе биде дел од НАТО, ќе го гарантираме територијалниот интегритет и безбедноста на државата, ќе направиме база за економски развој и ќе ги почувствуваме сите добри политики кои ги спроведувавме во 2018 година. Многу мерки кои беа дел од програмата на СДСМ со овој буџет од 2019 година од јануари ќе почнат да се применуваат. Зголемување на социјалната помош и опфатот на деца за детски додаток, зголемување на платите во образованието, здравството, полицијата, одбраната, вложување во инфраструктурата, - додаде Спасовски.

    Честитајќи им на новите членови претседателот на општинската организација Костовски, верува дека трендот за членство во СДСМ ќе продолжи и во наредниот период.

    Воедно би сакал да ги поканам сите претседателите на месните одбори, да дадат можност и да ја отворат вратата на сите нови членови да бидат вклучени во партиските активности, и да бидат партиципиенти во органите и телата на партијата, - истакна претседателот Костовски.

    По завршување на официјалниот дел во партиските простории беше организиран новогодишен коктел.