×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се испитува случајот на истепаниот ученик

    05.02.2010 16:00 | KumanovoNews

    Откако професорот по физичко воспитување го претепа шестооделенецот во основното училиште „Магдалена Антова„, денеска во училиштето се спроведуваше истрага околу целиот настан.

    Се испитува случајот на истепаниот ученик

    Полицијата и просветните инспектори  во присуство на родителите земаа изјави од соучениците во одделението, кои биле сведоци на немилиот настан, додека дисциплинската комисија од училиштето заседаваше за да го испита однесувањето на нивниот колега. Сите се воздржуваат од изјави додека не заврши постапката. Лекарскиот извештај покажал дека кај Ф.С. повредата е задобиена од физичко насилство и доколку се утврди одговорноста на професорот против него ќе биде поднесена прекршочна и кривична пријава. Физичката пресметка на професорот со ученикот се случила вчера на часот по физичко, кога детето фрлило мастика кон корпата и го налутило професорот.

    Тој ме нападна дека го гаѓам него и ме викна да излезам пред таблата. Почна да ми удира шлаканици, а потоа ме фати за образот и ми удри неколку песници - раскажуваше ученикот.

    Со модринки по образот и раскрварено непце во устата, родителите случајот го пријавиле во кумановската полиција. Тие побараа јавно од надлежните институции да испитаат со какви методи се служат професорите кога ги дисциплинираат учениците и да го казнат професорот доколку ги пречекорил своите законски овластувања. Тие најавуваат и приватна тужба против просветниот работник.

    Професор С.К (60) не признава дека го тепал детето, туку тврди дека само го уштипал по образот, бидејќи тоа го гаѓало со гумено топче.