500x100-1
13. 04. 2011 13:47

Се поправа патот кон Пелинце

Се поправа патот кон Пелинце

 Започна реконструкцијата и проширување на регионалниот пат од селото Старо Нагоричане кон граничниот премин Пелинце. Во оваа фаза ќе бидат опфатени 2 километра, за што ќе се потрошат 6 милиони денари.

Работите потоа ќе продолжат кон селото Драгоманце каде ќе биде реконструиран уште еден километар од патот, со што првата фаза од инвестиционата активност ќе виде завршна. Работите ќе продолжат на есен, кога се планира целосно да заврши реконструкцијата на оваа делница- вели Горан Стојковиќ, директор на „Македонија-пат„,која ги изведува работите.  

Од општината Старо Нагоричане се задоволни од поправка на патот, бидејќи тој ќе придонесе за подобра комуникација со соседните општини,  како и развој на регионот.

Овој патен правец е доста фреквентен поради граничниот премин Пелинце, а во последно време и се поголемиот број на туристи кои го посетуваат Кокино. Тие секогаш се жалат на патната инфраструктура. Со реконструкција на овој пат решаваме дел од најгорливите прашања, а се надевам  дека до крајот на годината  тој ќе биде целосно обновен - смета градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, минатата година се потрошени 25 милиони денари за реконструкција на патната инфраструктура што ги обезбедила Агенцијата за државни патишта, и овогодишната програма предвидува приближно толку инвестиции.

Се поправа патот кон Пелинце