×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се прават проекти за асфалтирање на локални патишта во Општината

    11.04.2019 06:00 | KumanovoNews

     Општината Куманово планира да асфалтира четири локални патишта со пари од Министерството за транспорт и врски преку проект за доделување на неповратни средства за подобрување на локалната инфраструктура во државата.

    Се прават проекти за асфалтирање на локални патишта во Општината

    Парите се обезбедени од Светска банка во висина од 70 милиони евра, и според утврдена методологија, секоја општина ќе има на располагање точно утврдени средства што ќе може да ги искористи за изградба и санација на локални патишта.

    Единствено, општините ќе имаат обврска да достават готови ревидирани проекти за да може да ги користат овие средства.

    Од Општина Куманово велат дека интензивно работат на подготовка на техничка документација за изградба и реконструкција на четири локални патни правци, и проектите се во завршна фаза.

    „ Проектите се однесуваат на реконструкција на патот од село Романовце преку автопатот Скопје- Белград до локалниот пат Куманово- Пчиња, во должина од 2,8 километри, реконструкција на патен правец Новосељане - Косматац- Мургаш, во должина од 5 километри, локален патен правец од село Добрешане до село Биљановце до Пчински пат, во должина од 3,2 километри и локален пат од село Режановце до село Речица во должна од 2,56 километри“, - изјави раководителот на Секторот за комунални работи Момчило Јовановски.

    Со асфалтирање на овие патиште ќе се подобри инфраструктураната поврзаност помеѓу селата, како комуникацијата со градот.