×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се ребрендира најпознатото такси во градот

    22.12.2018 08:59 | KumanovoNews

    Најреномираната такси компанија во градот „De Luxe“ се ребрендира во „Luxe City Taxi“.

    Се ребрендира најпознатото такси во градот

    Покрај името, компанијата ќе воведе и други новини во своето работење, со цел да го подигне квалитетот и безбедноста на такси услугата по светски стандарди, најавува новиот сопственик.

    - Прв приоритет ќе биде сигурноста на патниците. Нашите возила користат специјален GPS систем, со кој во секој момент ќе знаеме каде се наоѓа секое наше возило, каде е земен и каде е оставен секој патник. Со тоа се гарантира безбедноста на нашите патници, а истовремено се подобрува брзината на услугата. Втора работа, ќе го зголемиме степенот на хигиената во самите возила. Големиот број на патници предизвикуваат валкање на возилата, но со редовно хемиско чистење, флотата од понови возила и селектирани возачи, со сигурност ќе останеме на прво место според квалитетот и хигиената. Трета, важна карактеристика за мене е да бидеме општествено одговорна компанија. Такси возилата сочинуваат огромен дел од сообраќајот во градот, а со тоа придинесуваат за загадување на воздухот. Ќе се залагаме сите возила да ги исполнуваат најновите еколошки стандарди, редуцирајќи го испуштањето на штетни издувни гасови во центарот на градот,  - вели новиот сопственик Иван Џартовски.

    „Luxe City Taxi“ официјално ќе започне со работа од Нова година, поради што наредниот период ќе го искористи да се доекипира и подготвено да стартува со работа.

    - Најголема препрека со која се соочуваме во моментот е недостатокот на возачи, што е многу чудно, бидејќи работата е специфична, но нуди добра заработувачка. Моментално на македонскиот пазар на трудот ретко која професија го наградува работникот сразмерно онолку колку што тој ќе изработи, неретко достигнувајќи ниво над просечната плата во Македонија. Од јануари, ќе вршиме обука за нови возачи, а предност ќе дадеме на младите луѓе - додава Џартовски.

    Сите кои се заинтересирани да се пријават за работа можат тоа да го направат на Фејсбук страната на „Luxe City Taxi“ (https://www.facebook.com/luxecitytaxikumanovo/).

    На кумановските улицит веќе може да се препознаат такси возилата со новите модерни табли со логото на „Luxe City Taxi“, и со препознатливиот број 13582. Додека четвороцифрениот број 1582 официјално престанува со употреба од Нова година.