500x100-1
10. 08. 2010 16:21

Се реконструира „Индустриска“

Се реконструира „Индустриска“

На улицата „Индустриска“ се врши реконструкција и санација на коловозната лента.Се работи на потегот од  улиците „11 Октомври“ до „11 Ноември“ во должина од 1236 метри, а со широчина од 12 метри.

Досега се санирани 5000 квадрати,бидејќи имаше наноси од земја, па прво нив ги отстранивме и останува уште да се стави нов слој на асфалт со што ќе биде комплетно реконструирана улицата. Се надеваме до почетокот на септември дека ќе биде готова, но сепак се зависи и од финансиските средства - изјави Момчило Јовановски, помошник раководител во Секторот за урбанизам.

Реконструкцијата чини околу 16 милиони денари, бидејќи улицата беше многу оштетена поради и таму се движат потешки возила па се неопходни поголеми зафати. Оваа инвестиција е една од поголемите, а работите ги изведува Хуљуси Комерц.

Се реконструира „Индустриска“