Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на овој ден не` очекува претежно сончево време, со максимална температура до 16 степени, а веќе во вечерните часови се очекува облачно време со темпратура од 10 степени.
Во вторник, времето ќе биде умерено облачно со дожд, со утрински темпратури од 7 до 14 степени, а во попладневните часови се очекува дожд со максимална температура до 15 степени.
Во среда, се очекува умерено облачно време со дожд во текот на целиот ден, во утринските часови температурата ќе се движи помеѓу 12 и 15 степени која ќе биде и максимална температура во текот на денот.
Во четврток и петок ќе биде претежно сончево време, со минимална температура од 8 степени, а максимална до 17 степени. Но, во четврток, во вечерните часови се очекува умерено облачно време попратено со дожд.
За време на викендот, повторно умерено облачно време со минимална температура од 8 до 10 степени, а максимална температура до 17 степени.