×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Секоја петта институција постои само поради директорската фотелја

    20.10.2019 08:12 | KumanovoNews

    Речиси една петина од институциите на јавниот сектор имаат помалку од 20 вработени, со што е невозможно да функционираат, и постојат за доделување функции на партиски луѓе, заклучува функционалната анализа на УНДП на јавната администрација, објавена во мај лани.

    Секоја петта институција постои само поради директорската фотелја

    Според последниот извештај од регистарот на вработени во јавната администрација, за 2018 година, македонскиот јавен сектор има 1.314 институции, од кои 23 немаат вработени, 152 имаат до 10 вработени, а 483 од 11 до 50 вработени. Во овој извештај не е прикажан бројот на институции со помалку од 20 вработени, пренесува Мета.мк.

    Анализата на УНДП ги обработувала податоците за 2016 година. Тогаш имало 254 институции со помалку од 20 вработени, а повеќе од половина биле јавни установи.

    „Истражувањето откри дека стремежот кон бројни малечки тела на државната администрација, и особено државни и јавни претпријатија, можеби потекнува од политичката култура на обезбедување раководни позиции и придружни приходи за личности кои им се важни на политичките партии: партиски функционери и активисти, поранешни политичари и т.н… Овие раководни позиции често се пополнети со политички назначени/именувани лица, не со лица избрани преку отворена конкурентна процедура, па доделувањето на ваквите позиции и придружните приходи на лица со политички врски декако изгледа возможно“, се наведува во анализата.

    Документот има 11 заклучоци и 28 препораки, меѓу кои и дека тешко може да се оправда постоењето на мали државни административни тела, кои со својот персонал не можат да ги остварат основните функции.

    Според проценките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), функциите на поддршка во јавната администрација – буџетирање, администрација, водење евиденции, книговодство, правна служба, набавки… – опфаќаат околу 20-25 отсто од обемот на работа на институциите.

    „Се чини дека практиката на политичко поставување на лица со партиски врски за раководители на државни административни тела, дополнета со блескавата неефикасност и големиот број мали тела на државната администрација, создава токсична култура на јавната администрација“, се вели во анализата за последиците од ваквата практика.

    Згора на тоа, овие раководни позиции не влегуваат во евиденцијата на вработени во јавниот сектор, затоа што таа не ги опфаќа избраните и именуваните лица. Анализата проценува дека во телата на државната администрација има една до три раководни позиции, а во државните и јавните претпријатија од три до девет.

    „Раководните позиции не се евидентираат како вработени во државните тела кои ги управуваат – и затоа вистинскиот број на вработени е погрешно претставен.“

    Анализата на УНДП во мај лани препорачала да се направи едногодишна анализа на малите институции и да се разгледа можноста за нивно спојување за да се добијат поголеми и поспособни тела. Во тригодишен период би требало да се направи анализа и да се централизираат функциите на поддршка на малите тела, а за една година да се разработи систем за конкурентно вработување за сите позиции во јавната администрација.