×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Серијалот за Соколана траен запис за сегашните и идните генерации

    05.11.2018 09:44 | KumanovoNews

    Документарните филмови за Соколана од авторот Марјан Стошевски, наиде на одличен прием кај публиката,  и ќе остане траен запис за сегашните и идните генерации.

    Серијалот за Соколана траен запис за сегашните и идните генерации

    Во последниот филм  Соколанските кошаркарски турнири се опишуваат специфичните моменти од единствените кошаркарски турнири во Југоисточна Европа во тоа време, а живите актери од пошироките простори раскажуваат за незаборавните моменти.

    Авторот Стошевски во филмот вклучи и големи светски кошаркарски имиња (Славниќ, Ивковиќ, Цветковиќ), познати имиња од кошарката од Куманово и Македонија, кои со почит раскажуваа за Соколана.

    - Мислам дека со петиот серијал за Соколана, на некој начин ја исполнив мојата зацртана мисија е да ја опишам големата улога на Соколана во афирмацијата на мојот град Куманово. Во документарецот за кошаркарските турнири се задржувам на улогата на Соколана во развојот на оваа спорткса гранка, чии почетоци се токму во овој објект. Бев неколку дена во Белград каде на моја молба се одзваа големите имиња од кошарката, а нивните спомени за Соколана навистина се многу убави. Покрај нив за Соколана зборуваа и македонските и кумановски звучни имиња на кошарката, кад се потсетија на незаборавните моменти. Би сакал да истакнам дека кошаркарските турнири во Соколана потврдија дека се историски за развојот на кошарката на македоските простори, па и пошироко. Со ова на некој начин се исполнува морална обврска кон генерациите кои учествуваа во голмите настани - рече Стошевски.

    Воедно ова беше петиот и последен серијал за кумановскиот храм на спортовите, кој сега останува како траен запис за сегашните и идните генерации.

    Во минатиот век во 50 и 60-те години Соколана била единствена сала од затворен тип на просторите на поранешна Југославија, па во неа се одржувале единствените турнири на овие простори. Првиот турнир се одржал далечната 1947 година, па имале континуитет се до 1978, но со мали прекини.

    Во кумановскиот храм продефилирале многу кошаркари од овие простори кои успешно ги совалдувале тајните на оваа игра, а подоцна направиле и успешна кариера. Незаборани игри во Соколана прикажувале кумановските асови Лалевски, Мице Ивановски, Душко Ивановски, Момчило Ивановски, Јакиновски, Петрушевски, потоа македонските асови Лечиќ, Георгиевски, Ѓорѓевски, Књазев, Славниќ, Ќосиќ, Жеравица и други.