×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Синдикатите бараат работниот ден да трае 7 часа и неработни да бидат 2 јануари и 2 мај

    17.01.2019 09:03 | KumanovoNews

    Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), до Владата ќе поднесе иницијатива за воведување на седумчасовен работен ден и прогласување на 2-ри јануари и 2-ри мај за неработни денови .

    Синдикатите бараат работниот ден да трае 7 часа и неработни да бидат 2 јануари и 2 мај

    Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски, посочи дека е време Македонија да се приклучи на европските трендови и во новиот Закон за работни односи кој е во фаза на изработка да се утврди седумчасовен работен ден, односно 35-часовна работна недела.

    „Со седумчасовното работно време ќе се врши подобра распределба на трудот. Со намалување на работното време за 10,2 проценти од секој работник, теоретски ќе доведе до потреба од ангажирање на дополнителен број работници. Од социјален аспект нашето барање го аргументираме со тоа што ќе се зголемат можностите за грижа кон семејството и рекреација“, изјави Грујовски.

    Во однос на иницијативата за измена на Законот за празници, Грујовски нагласи дека во 2007 година дотогашниот празник 2-ри јануари се укина како неработен, додека годинава со одлука на Влада повторно се прогласи како неработен.

    „Реакциите за ваквата одлука беа позитивни и кај вработените во администрацијата и стопанството. Бидејќи во овој период од годината работните процеси се сведени на минимум како во јавниот, така и приватниот сектор, предлагаме 2-ри јануари повторно да биде прогласен за празник“, изјави Грујовски.

    Традицијата на одбележување на меѓународниот ден на трудот, посочи Грујовски, сметаме дека треба да продолжи и покрај 1-ви и 2-ри мај да биде прогласен за празник.