×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СЈО делумно се откажа од обвинението против новинарот Божиновски

    20.07.2018 11:37 | KumanovoNews

    Специјалното јавно обвинителство делумно се откажа од обвинението против новинарот Зоран Божиновски од Куманово, кој наместо за три кривични дела по шест точки ќе биде обвинет за три кривични дела по пет точки.

    СЈО делумно се откажа од обвинението против новинарот Божиновски

    СЈО, кое за случајот „Шпион“ ја презема надлежноста во март годинава, се откажа од точката 27, поради тоа што во обвинителниот акт, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, кое досега постапувало за случајот, нема наведено правна квалификација за кривичното дело.

    Во одговорот на СЈО на прашањата на Здружението на новинарите на Македонија во врска со случајот на Божиновски, се вели дека точката се однесува на дејствие на друго лице за кое тоа лице веќе е осудено. За тоа веќе бил известен судот, кој се очекува да донесе решение за запирање на постапката по таа точка.

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција никогаш не дало објаснување зошто до март годинава одбило да ја признае надлежноста на СЈО над случајот „Шпион“.