×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Сквер Гарден“ донираше шест прочистувачи за воздух во Кумановската болница

    20.02.2019 14:19 | KumanovoNews

    Кумановската болница доби шест нови прочистувачи на воздух донација од кафе-барот „Сквер Гарден“. Прочистувачите на воздух ќе бидат поставени на детското и акушерското одделение. 

    „Сквер Гарден“ донираше шест прочистувачи за воздух во Кумановската болница

    "Прочистувачите на воздух се наменети првенствено за детскиот оддел, со оглед на големата фрекфенција на пациенти од кои повеќе од 90 отсто се со респираторна патологија. Сметаме дека е погоден тајмингот и самата донација. Голема благодарност до донаторот, кој во овие зимски месеци се сети на нас. Донацијате ќе придонесе нашите пациенти да се чувствуваат поубаво и да дишат почист воздух, и да им ги олесна престојот во нашата болница, - изјави директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева.

     Донацијата ја предаде сопственикот на кафе-барот „Сквер Гарден“, Милан Петрушевски.

    „Собравме пари за 6 прочистувачи за воздух за Кумановската болница. Хуманитарните забави трајат веќе два месеци и сакавме да направиме нешто корисно од нашето дружење. И во наредниот преоид ќе продолжиме да помагаме и затоа ги повикувам сите граѓани да ни се придружат во акцијата секоја сабот. Во реализацијата на акцијата ни помогна и компанијата Алфи Техноцентар, - изјави  Петрушевски.

    Директорката Захариева истакна дека годината им започнала со донации на општествено одговорни компании, при што порача дека секоја помош е добредојдена и се надева дека така ќе продолжи и во наредниот период.