Мени

Единаесетгодишниот Давид Јовановиќ селектиран во младинскиот тим на ОФК Белград

10.10.2026 09:34 | KumanovoNews

Давид Јовановиќ од Куманово е дел од младинските категории на ОФК Белград, откако неговиот фудбалски талент го привлече вниманието на белградскиот клуб.

Единаесетгодишниот Давид Јовановиќ селектиран во младинскиот тим на ОФК Белград

Неговите настапи ги забележале тренерите и претставниците на клубот за време на фудбалскиот камп „Спортстарс – Србија те зове“, кој се одржува секоја година во Белград. По пробните тренинзи и контролните натпревари, Давид добил официјална покана да ѝ се приклучи на генерацијата фудбалери родени во 2015 година и да го носи дресот на сино-белите „Романтичари“ од Карабурма.

Покрај обврските во својот матичен клуб, Давид сега еднаш месечно тренира и со своите врсници во фудбалската академија на ОФК Белград . Во изминатите два месеца, тој забележал успешни настапи на вкупно десет официјални натпревари на два меѓународни турнира – престижниот „Ника куп 2026“ во Белград и „Кервер куп“ во Нови Пазар.

Давид има 11 години и е ученик во шесто одделение во ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово. Тој е активен член на ФК „Биџо“ – Куманово, каде што веќе четири години игра на позицијата напаѓач. Досега има постигнато бројни успеси на домашни и меѓународни натпревари.

Покрај настапите за младинските категории на ОФК Белград, Давид учествувал и на повеќе фудбалски кампови, меѓу кои и на кампот на ФК „Барселона“ во Скопје, каде што добил специјално признание, како и на фудбалскиот камп на ФК „Реал Бетис“ од Севиља и на други кампови.