×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шлепер слетал во провалија

    20.11.2010 23:02 | KumanovoNews

     Kамион натоварен со јаглен слетал во провалија длабока десетина метри кај селото Конопница на магистралниор пат Куманово-Крива Паланка.

    Шлепер слетал во провалија

     При тоа возачот на шлеперот  Живко Б. (55) се здобил со сериозни повреди, скршеници на ребрата и набиеници по телото, поради што е задржан на лекување во болницата ва Крива Паланка. Во спасувањето на возачот помогнале минувачите кои се нашле на местото на несреќата.

    Сообраќајката се случила во саботата попладне кога камионот во кој се пренесувале јаглен од Бугарија за фирма во Скопје изгубил контрола ја пробил заштитната ограда и слетал во провалијата покрај патот.  Камионот се превртел неколкупати, а приколката се одвоила од кабината.

    Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат. Во сабота доцна попладне екипи се обидуваа да го извадат шлепрот од провалијата, но поради непристапност на теренот тоа се одвиваше  отежнато.