×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со воена свеченост ќе се одбележи Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон

    25.02.2019 10:22 | KumanovoNews

    Во касарната „Боро Менков“- Куманово, утре во 12 часот со воена свеченост припадниците од Првиот механизиран пешадиски баталјон ќе го одбележат Денот на единицата 26. февруари.

    Со воена свеченост ќе се одбележи Денот на првиот механизиран пешадиски баталјон

    На прославата ќе се одржи пригоден говор и ќе се соопштат наградените и пофалени старешини, а по завршување на официјалниот дел пред присутните ќе продефилираат  војници со дел од вооружувањето, опремата и возила со кои располага единицата.

    На прославата ќе присуствуваат гости од локалната самоуправа, правни и физички лица со кои единицата има соработка.

    Подоцна делегација од единицата ќе замине во с. Жеглање, каде ќе положи свежо цвеќе на  спомен плочата.