×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Социјална инклузија, едукација и вработување на младите, приоритети на НРЦ

    28.12.2018 15:11 | KumanovoNews

    Националниот ромски центар (НРЦ) годината ќе ја памети по голем број активности на терен, а истовремено и голема комуникација со државните и меѓународните институции, се со единствена цел да се решат натрпаните проблеми со кои се соочуваат припадниците на ромската заедница, но и сите други граѓани во државата.

    Социјална инклузија, едукација и вработување на младите, приоритети на НРЦ

     Еден од последните проекти што даде резултати е проектот што го презентиравме во Женева во ОН, за состојбите во здравствениот систем во државата. Истовремено спроведовме проект за домувањето, со кој помагаме на сите граѓани во остварување на нивните права, помигање на стечајните работници за добивање на нивните социјални права и здравствени права, прекршување на човековите права. Оваа година беше успешна за нас, бидејќи се стекнавме со нови знаења и вештини, кои се најзначајни за развој на секое општество. Она по што ќе биде запаметена оваа година, а претставува рак рана во државате е заминувањето на младите и треба да работиме на случајот и ние како невладини организации, - изјави Ашмет Елезовски, директор на НРЦ, на денешната прес-конференција.

    Активностите на организацијата ќе продолжат и во наредната година на она што го бараат државните и светски институции, а пред се создавање на еднакво општество за сите.    

     НРЦ во наредната година ќе продолжи со истите активности со поголема интензитет, пред се на полето на социјалната инклузија, правата на луѓето, едукација и вработување на младите и на процесот на интеграција, - додаде Елезовски.

    Тој рече дека во наредниот период ќе спроведат активности за едукација на граѓаните за доближување на пописот и следните избори.