×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средба на ветераните на Социјалистичката партија во Куманово

    09.06.2018 12:14 | KumanovoNews

    Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) општинска организација Куманово,  денеска ги собра ветераните, за да им се заблагодари за досегашната работа и да им оддаде признание за улогата во развојот и опстојувањето на партијата.

    Средба на ветераните на Социјалистичката партија во Куманово

    На средбата со сопартијците присуствуваше и претседателот Љубосав Иванов-Ѕинго, кој ја поздрави идејата на кумановското раководство да ги испочитува луѓето кои својот живот и работа го посветиле на најстарата партија во државата, но се осврна и на улогата на партијата во општествено-политичкиот живот, како и актуелната политичка состојба во државата.  

    - Македонија е на пат да ја изгуби државата, бидејќи остана без младите. А нација која што нема подмладок нема перспектива, нема иднина. Тоа што ни беше најголемо богатство, по тоа што бевме препознатливи во светот, тоа што секој од нас го носи во срцето и душата, името на нашата држава Македонија и тоа ни го одземаат. Македонија ја создадовме ние, нашата генерација, вие што сте пред мене. Дојде време оние кои требаше да ја наследат, да ја градат и да ги исправат грешките од минатото, сега ќе го сменат името и да ја исполнат вековната желба на Грција. Не постои држава во светот која била уценета да го промени своето име, својот јазик и нација, под инстркукции и притисок. Ќе видиме со какви последици ќе соочиме во периодот што доаѓа, - изјави Иванов.

    Претседателот на општинската организација на Социјалистичката партија Жарко Милошевски ги повика партиските ветерани активно да се вклучат во креирањето на политиките, бидејќи само спојот на младоста и искуството ќе даде резултати, а Куманово ќе стане подобро место за живеење.

    - При креирањето на политичката програма СПМ секогаш се водела од потребите и интересите на своите граѓани, и секогаш одлучно и недвосмислено застанувала зад нив. Партијата во Куманово секогаш ги извршуваше својата програмски задачи преку своите членови и избрани претставници во локалната власт. Организираше голем број на хуманитани настани, посети на институции и јавни претпријатија, голем број на спортски натпревари, и даде особен допринос во растот и развојот на нашата Општина. Исто така во поновата историја партијата досега учествувала со 7 советници во локалната власт. Сето ова е заклучок дека Социјалистичка партија реализирајќи ја својата програма и спроведувајќи ги зацртаните политики, како и своите цели и задачи, преку нејзините претставници акумулираше доволна мудрост и политичко искуство кое што во комбинација на младоста и искуството, но и еланот, ни претставува проверена формула за успех во работата. Затоа денеска од овде, на вас ветераните ви гарантирам дека ви стојам на располагање и барам од вас, водејќи сметка за вашето здравје и физичка издржливост, активно да се вклучите во креирањето на политиките, целите и задачите во делувањето на нашата општина за да го направиме Куманово подобро место за живеење, - рече Милошевски.   

    Тој на лидерот Иванов му врачи плакета, а на дел од ветераните благодарници.