×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Старо Нагоричане ќе добие туристички центар

    10.09.2018 09:08 | KumanovoNews

    На почетокот на наредната година Општина Старо Нагоричане ќе добие туристичко-информативен центар, за промоција на туристичкиот потенцијал во североисточниот регион.

    Старо Нагоричане ќе добие туристички центар

    Проектот предвидува адаптација на на стариот задружен дом во модерна зграда во Младо Нагоричене, во која ќе се презентира целокупната туристичка понуда преку видео презентација, макети, текстови и слики.

    Вредноста на проектот за меѓугранична соработка е 498.000 евра, од кои 274.000 се за Старо Нагоричане, а останатите за Општина Рила во Бугарија.

    - Најзначајните 6-7 локалитети ќе добијат посебни простории во кои ќе бидат поставени макети, слики, текстови и видео матерјал. Во проектот има и изработка на стари носии, стари занаети, обука за практикување на старите занаети, како и видео презентација на целокупниот туристички потенцијал во Општината. Потоа ќе има пропаганден матерјал, цд и флаери. Идејата е кога ќе дојдат туристите на едно место да видат  која е понудата на општината, а потоа да одлучат што сакаат да посетат, - вели градоначалничката Жаклина Јовановска.

    Проектот треба да заврши до 24 октомври годинава, а од Нова година центарот ќе започне со работа. Самиот проект ќе генерира нови вработувања.

    Се планира туристичкото биро да прерасне во регионален центар, бидејќи е доволно големо да се претстави целиот североисточен регион, - додаваат од Општината.

    Во состав на проектот предвидено е изработака на веб страна, со која ќе се промовира центарот.

    Општината Старо Нагоричане, е препознатлива по богатото културно-историско наследство во државата. Најзначајни споменици се црквата "Свети Ѓорѓи", мегалитската опсерветорија Кокино, меморијалниот центар АСНОМ, манастирите Забел и Карпино, Костоперска карпа и други други локалитети и цркви, но туритичкиот потенцијал не е искористен.