×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тротоарите на „Октомвриска“ ќе се вратат на пешаците со метални столбчиња

    04.03.2019 11:43 | KumanovoNews

    Општина Куманово од денеска ќе започне со поставување на заштитни столбчиња на тротоарите на булеварот „Октомвриска револуција“.

    Тротоарите на „Октомвриска“ ќе се вратат на пешаците со метални столбчиња

    Со металните столбчиња ќе се оградат пешачките површини за да се ослободат од непрописно паркираните автомобили. Општината се одлучи на оваа мерка, откако кампањата „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“ не ги даде очекуваните резултати. И покрај апелите на надлежните несовесните граѓаните не ги сменија своите стари навики и продолжија автомобилите да ги паркираат на секоја слободна површина, само да избегнат плаќање на паркинг место.

    „На булеварот „Октомвриска револуција“ веќе е поставена вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а од понеделник (04.03.2019) ќе започне и поставување на предвидениот број на столбчиња по целата должина на овој булевар, од двете страни. Апелираме до граѓаните своите возила да не ги паркираат на тротоарите по цела должина на булеварот „Октомвриска револуција“ за да не бидат попречени активностите за поставување на столбчињата. За сите непрописно паркирани возила на самите тротоари во момент на поставување на столбчињата ќе биде побарано отстранување на непрописно паркираните возила од страна на СВР Куманово“, - пишува на сајтот на Општина Куманово.

    Од Одделението за комунални рабооти информираа дека денеска се вршат последните подготовки и утре сабајле ќе започнат со работа на терен.