500x100-1
22. 09. 2019 12:14

„Тумба фест“ по 19 години повторно пред публиката

„Тумба фест“ по 19 години повторно пред публиката

Во големата сала на Центарот за култура во Куманово, утре (понеделник) во 20 часот, ќе се одржи Фестивалот на шегобијни народни песни „Тумба Фест“.

 Фестивалот се возобновува по пауза од 19 години.  Ќе бидат испејани 12 нови песни, а вечерта ќе биде збогатена со изведба на најголемите хитови од некогашните фестивали и хумор на групата „Нема љутиш“.

„На фестивалот ќе настапат: Беки Бекиќ, Ленче Кукиќ, Марјан Коцев, Душко Георгиевски, Круме Спасовски, Анета Наковска, Влатко Алековски, Рени и Васил Валканов од Бугарија, како и кумановските пејачи и групи „Челик бенд“, Мартинијан Кириловски, Игор Васиљков и други. Ги повикувам граѓаните да дојдат и да уживаат во убавата шегобијна песна и квалитетната музика на познати автори, и со тоа да дадат поддршка фестивалот да заживее и да си го врати некогашниот сјај “, - изјави Драган Митевски, претседател на здружението „Етно ризница“ и организатор на фестивалот.

Најголем дел од песните ќе бидат испеани на кумановски дијалект, а текстовите освен што се шегобијни, ќе бидат и актуелни, најавуваат организаторите.

Билетите можат да се купат по цена од 200 денари во туристичката агенција „Зулу травел“, во трговски центар „Сума“.