Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Под мотото „Со музиката патуваме низ светот„ Основното училиште „11 Октомври“ го одбележа патрониот празник.
Наставниците и учениците подготвија приредба како завршна манифестација, а предходно се одржаа повеќе активности, поетски читања, литературни конкурси и спортски натпревари.
- Патувањето е најдоброто образование. Во нашето имагинарно патување со музиката го прошетавме светот и се вративме дома. По пат ги запознавме сите знаменитости, но ги покажавме и нашите артистички, играчки и сценски квалитети низ вистински мјузикли, - изјави директорот Елизабета Костиќ.
На свеченоста присустуваа претставници од локалната самоуправа и јавната администрација, образованието, родителите и учениците.