×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученички филмови финалисти на Меѓународниот фестивал КРЕФ

    13.08.2018 11:06 | KumanovoNews

    Детскиот филм „Волшебна магија 1“ и видео играта минекрафт „Волшебна магија 2“, кои ги снимаа учениците од трето и петто одделение под менторство на наставничките Александра Грубор и Анита Николовска, од подрачното основно училиште „Толи Зордумис“, од село Режановце, влезе во финалето на Меѓународниот училишен фестивал на креативни образовни филмови КРЕФ, кој годинава ќе се одржи во Штип.

    Ученички филмови финалисти на Меѓународниот фестивал КРЕФ

    Во филмот се обработуваат теми од екологија и уредување на селски двор низ игра, двата се поврзани меѓу себе.  

    - Двете филмчиња влегоа меѓу 14 најдобри видеа на Балканот. Финалето ќе се одржи на 29/30 септември во Штип, каде ќе биде прогласен побеникот. Најдобриот филм ќе добие просветен филмски Оскар, а секој ученик и ментор ќе добе сертификат за учество. Ние сме мало училиште, но се надеваме на успех, - вели учителката Анита Николовска.

    По првата квалификација, филмовите ќе бидат повторно оценети од стручно жири, но на крајниот резултат ќе влијае и посетеноста на Јутуб. Двете филчиња досега имаат околу 1000 посети.

    Меѓународниот училишен фестивал на креативни филмови КРЕФ, оваа година за првпат се организира во Македонија.