×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето во Черкезе доби спортска сала

    24.10.2019 12:00 | KumanovoNews

     Основното училиште „Јероним Де Рада“ во кумановската населба Черкези, доби спортска сала.

    Училиштето во Черкезе доби спортска сала

    Училишната сала е со површина од 650 метри квадратни, опремена е со сите реквизити и справи за мали спортови, кошарка, ракомет, мал фудбал и за одбојка. За изградба на салата потрошени се 24 милиони денари, кои ги обезбеди Владата преку проектот за изградба на 145 училишни сали во државата.

    Mинистерот за образование Арбр Адеми, истакна дека и во наредниот период ќе се инвестира во инфраструктурата на образованието, со цел да се подобри квалитетот на воспитно-образовниот процес.

    „До сега воопшто не се инвестирало во образовната инфраструктура во Куманово. Ги одредивме приоритетите и во наредниот период ќе имаме балансиран пристап во сите општини и региони. Во Куманово беше неопходно повеќе да се инвестира и оваа спортска сала успејавме да ја изградиме за една година“, - кажа министерот Адеми.

    Истовремено е реконструиран покривот на училиштето и училишната зграда за што вкупно се потрошени 30 милиони денари. Во ова училиште настава на албански јазик посетуваат 520 ученици, во две смени.

    Министерот Оливер Спасовски, истакна дека иднината и развојот на државата се гради исклучиво со квалитетно образование, кој е врвен приоритет на оваа Влада.

    „Треба да создадеме услови нашите млади генерации да се занимаваат со спорт, да вложуваме сите заедно во здравиот живот. Куманово знае за периоди кога немаше ниту денар вложувања од Владата иако сите давачки и даноци граѓаните на општината уредно ги плаќаа. Затоа сега настојуваме дел од финсиските средства да ги насочиме кон решавање на битни прашања, инфраструктирни проекти во образованието и здравството“, - истакна Спасовски.

    Градоначалникот Максим Димитриевски ги повика професорите да вложат максимелен труд во физичкото образование и култура со децата и да создадат млади спортисти кои ќе постигнуваат врвни резултати и го претставуваат градот и државата на спортските манифестации во светот.

    „Учеството во овој проект на општината можеби е скромен, но за нас е заначен, бидејќи ги подобривме условите  во кои ќе учат нашите деца. Овае втор проект за овие две години, но ние нема да застанеме тука, работиме на третиот проект во техничкото училиште „Наце Буѓони“, кој се надевем дека ќе го завршиме до крајот на годината и по 60 години и ова училиште ќе добие нова спортска сала“,- рече Димитриевски.

     На свеченоста присуствуваа и советници, претставници на институциите и гости од другите општини.

    Минатата година ова време беше пуштена во употреба нова спортска сала во средното училиште „Перо Наков“, со настава на албанска јазик, а во тек се градежните работи на нова спортска сала во техничкото училиште „Наце Буѓони“.