×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Угостителите ги затворија локалите

    22.01.2010 10:54 | KumanovoNews

    Поголемиот дел од угостителите во градот утрово не ги отворија локалите во знак на протест против Законот за заштита од пушењето што стапи на сила од 1 јануари.

    Угостителите ги затворија локалите

    Триесетината сопственици кои ја потпишаа петицијата останаа доследни и не ги отворија  своите објекти за гостите. Тука се пред се нејпосетуваните локали „Корзо“ „Зафир“ „На-Ма“, „Интермецо“, „Клуб“ и другите поголеми угостителски објекти. Имаме подршка и од сопствениците Албанци, од кои поголемиот дел го подржаа протестот - вели Дејан Зец, еден од организаторите на протестот во Куманово.

    На својот став остана и сопственикот на „Ирскиот паб“, кој денеска вообичаено си  работи. Тој вчера изјави дека од лични причини го подржува Законот за пушење, но нема ништо против протестот.

    Протестот под мото „Дајте им право на избор на нашите гости“ го организира Стопанската комора на Македонија, во сите градови во државата, поради ригорозниот Закон за пушење кој им ја намали работата.