×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште гори шумата во Павлешенце, Габреш и Градиште, се бара помош од армијата

    03.09.2019 08:55 | KumanovoNews

    Повторно се разгоре пожарот во селата Павлешенце, Габреш и Градиште, кој пред два беше изгаснат со помош на авиони.

    Уште гори шумата во Павлешенце, Габреш и Градиште, се бара помош од армијата

    Опожарена е поголема површина на запалена сува трева ниско стеблеста деградирана и дабова шума.

    „Поради лошата конфигурација на теренот делувањето во гасење на пожарот е отежнато. Поради лоша видливост во вечерните часови, и непристапноста на теренот, екипите се повлекоа од терен. Во раните утрински часови екипите повторно ќе излезат на терен и ќе продолжат со нивното делување. Денес е поднесено барање за ангажирање на хеликоптери од страна на АРМ“ , - соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).

    Пожарот избувна во атарот на општина Свети Николе, па се прошири на територијата на Куманово.