×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште не почнала грејната сезона Куманово најзагаден град во државата

    22.10.2019 13:37 | KumanovoNews

    Граѓаните на Куманово се жалат дека, иако се' уште не е почната грејната сезона, веќе неколку вечери по ред Куманово е меѓу најзагадените градови во државата. 

    Уште не почнала грејната сезона Куманово најзагаден град во државата

    Тие велат дека секојдневно се палат гуми, пластика и кабли на секои 20 метри, почнувајќи од Спомен Костурница, па се' до Проевце, а во пределот на "Мај маркет" велат дека дури и не може да се дише.

    „Дали како човечки битија не' заслужуваме барем чист воздух да дишеме. Згора на сето ова се сечат дрвја. Како ќе застанеме пред нашите баби, дедовци кои веќе немаат сила да се борат со овие отрови. Што родителите ќе им дадат на своите деца кога првиот процес на живот што е воздух им е сотрен од нашата целокупна несвесност. Ова е апел до целиот град, не можат надлежните сами да го средат овој хаос“,- вели Сара Александровска.

    Мерната станица синоќа покажуваше 1132 мг/м3. Максималната дозволена вредност е 50 микрограми ПМ10 честички на кубен метар воздух.

    Граѓаните сметаат дека покрај палењето на гуми и друг отпад, сериозни предизвикувачи на загадувањето е прекумерната употреба на стари возила, но и градежните работи во центарот на градот, а мерната станица се наоѓа во дворот на Општата болница Куманово.

    Тие апелираат до Општината, овој проблем да го сфати сериозно и да најде  решение.