×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре се одржува првата крос-кантри трка во Куманово

    26.05.2018 11:08 | KumanovoNews

    Во населбата Биљановце во Куманово, утре ќе се одржи првата ХСО крос-кантри велосипедска трка.

    Утре се одржува првата крос-кантри трка во Куманово

    Настанот е во организација на новоформираниот велосипедскиот клуб Кросс Сајклинг од Куманово и ќе започне во 10 часот. Од клубот најавија дека имаат одлична кружна патека во должина од 3.3 километри со вкупна елевација од 142 метри. На трката ќе се натпреваруваат околу осумдесетина учесници каде што во „Елит“ конкуренцијата ќе возат 6 круга, „Мастерс“ и женска конкуренција возат 5 круга, кадетите ќе извозат 4 круга и хоби учесниците ќе ја завршат трката со 2 круга.

    Манифестацијата започнува во 10 часот и ќе се одржи на патот за стрелиштето на АРМ. Трката за деца до 10 години е прва и ќе извозат два круга. Хоби класата е во 11 часот а главната трка треба да започне во 12 часот. Сите љубители на велосипедизмот можат да се пријават на лице место и да учествуваат во „хоби“ конкуренцијата доколку имаат технички исправен велосипед и кацига. Ги повикувам сите да дојдат и да бидат дел од овој настан - изјави Емил Цветанов, претседател на клубот.

    Крајниот исход од трката ќе се бодува на ранг-листата на Велосипедската федерација на Македонија.