×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре триесет и прва седница на Совет

    25.08.2010 08:14 | KumanovoNews

     Советот на Општината Куманово утре ќе ја одржи триесет и првата  седница. Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10:00 часот. На дневен ред се 13 точки.

    Утре триесет и прва седница на Совет

     1.    Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП ,,Водовод“ Куманово од 01.04.2010 до 30.06.2010 година;

    2.    Финансиски извештај за работа на ЈП ,,Пазаришта“ Куманово за период од април - јуни 2010 година;

    3.    Тримесечен Извештај за финансиско работење на ЈП ,,Куманово - гас“ Куманово за период од 01.04.2010 до 30.06.2010 година;

    4.    Предлог - Измена  на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2010 година;

    5.    Предлог - Програма за изменување  на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2010 година;

    6.    Предлог-Одлука за измена на Одлуката за формирање на Комисија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот за правни и физички лица за пресметка на данок на имот на подрачјето на Општина Куманово;

    7.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат на член на Комисијата за Статут и прописи на Советот на Општината Куманово и избор на нов член на Комисијата;

    8.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на  Советот на Општината Куманово и избор на нов член на Комисијата;

    9.    Предлог - Решение за измена на Решението за определување на членови  на Советот на Општината Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;

    10.    Предлог - Одлука  за констатирање престанок на мандат на член на Комисијата за односи меѓу заедниците на Советот на Општината Куманово и избор на нов член на Комисијата;

    11.    Предлог - Решение за констатирање престанок на мандат на член на Управниот одбор на  Библиотеката ,,Тане Георгиевски“ Куманово и именување на нов член на Управниот одбор ;

    12.    Предлог - Решение за разрешување и именување на претставник од Општината Куманово за  член на Управниот одбор на  Ученичкиот дом  ,,Професор Мијалковиќ “ Куманово.    

    13.    Предлог - Решение за формирање на Комисија за изготвување протокол на Општина Куманово.