500x100-1
13. 08. 2010 13:25

Утре започнува ликовната колонија „Куманово 2010“

Утре започнува ликовната колонија „Куманово 2010“

Во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, оваа сабота ќе започне Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2010“ каде ќе творат уметници од неколку балкански земји. 

Традицијата продолжува а годинава по 34- ти пат, природата во Пелинце ќе ги инспирира ликовните уметници да сликаат во разни техники. Организатор на колонијата е Уметничката галерија при националниот музеј - Куманово во соработка со градоначалникот и Локалната самоуправа на градот.

-Годинава учество ќе земат 14 уметници од повеќе земји од регионот меѓу кои Роман Кисајов и Румен Жеков од Р.Бугарија, Миомир Вемиќ од Црна Гора, Соња Вукашиновиќ и Александар Прибиќевиќ од Р.Србија како и гостинот од Турција Туран Енџиноглу. Од Македонските реномирани уметници ќе творат Нове Франговски, Ѓорѓи Чулаковски-Ѓото, Никола Иванов, Мирјана Крстева Масети и Јовица Поповски. На овогодинешната колонија уметниците ќе работат сликарство во класичните техники на масло и акрил на платно - вели Драгана Спасовска кустот во уметничката галерија.

Ликовната колонија ќе трае 10 дена до 24 август по што ќе биде презентирана целата ликовна продукција во Куманово и уште во неколку градови во Македонија. За време на престојот гостите ќе ја посетат Мегалитската опсерваторија Кокино и црквата Св. Ѓорѓи во Општина Старо Нагоричане.

Утре започнува ликовната колонија „Куманово 2010“