×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владимир Арсовски нов координатор на Североисточниот регион на СДСМ

    11.06.2018 19:38 | KumanovoNews

    Владимир Арсовски од Куманово е избран за нов координатор на Североисточниот регион на СДСМ.

    Владимир Арсовски нов координатор на Североисточниот регион на СДСМ

    Тој има задача да ја координира работата на општинските организации во Куманово, Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково.

     Промоцијата на новите регионални координатори ја изврши генералниот секретар  на СДСМ Александар Кирацовски.

    „СДСМ се обврза да работи за доброто на државата, да ги стави граѓаните во центарот на вниманието, градејќи ја Македонија како едно општество едно семејство, држава за сите. Во таа насока очекувам делување кое првенствено ќе ги има предвид потребите на граѓаните во сите осум плански региони на Македонија. Ја зголемуваме ефикасноста на нашето делување, територијално подеднакво и нашата мобилност, во интерес на граѓаните, но и членовите, поддржувачите и симпатизерите на СДСМ“,- порача Кирацовски.

    Арсовски по професија е дипломиран економист, работеше во ЈП „Чистота и зеленило“, а од неодамна во АД „За стопанисување со станбен и деловен простор“. Членувал во повеќе младински и партиски тела на општинската организација на СДСМ Куманово.

    Арсовски доаѓа на местото на Александар Арсиќ.

    Покрај Арсовски избрани се координатори и на останатите 7 региони во државата.