×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ доби 3.300 гласови повеќе, а СДСМ за година ипол изгуби 10.000 гласови, вели Петрушевски

    23.04.2019 13:35 | KumanovoNews

     ВМРО-ДПМНЕ во Куманово освои 3300 гласа повеќе на претседателските избори, а СДСМ и коалиционите партнери за година ипол од локалните избори изгуби скоро 10.000 гласа, објави претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски на денешната прес-конференција.

    ВМРО-ДПМНЕ доби 3.300 гласови повеќе, а СДСМ за година ипол изгуби 10.000 гласови, вели Петрушевски

     Тој им се заблагодари на граѓаните на поддршката, бидејќи, како што рече, полека но сигурно изгрева зората на слободата и доаѓа правдата за Куманово.

    „Благодарејќи на вашата одважност и непоколебливост, драги кумановци, бројот на опозициските гласови во Куманово е за 3.300 поголем од бројот на гласовите на СДСМ, ДУИ, и уште 31 нивен коалициски партнер. Или народски кажано, ги победивме сите на купче. Легитимитетот на оваа власт е длабоко разнишан и изгубен. Од последните локални избори во Куманово, кога СДСМ и ДУИ освоија преку 25.600 гласови, за само година и пол, овие 2 политички партии на власт, заедно со нивните коалициони партнери изгубија скоро 10.000 гласови, - рече Петрушевски.

    Тој смета дека од друга страна, зголемена е поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, како резултат на неработење и негрижа на локалната власт за проблемите на граѓаните на општина Куманово.

    „Изгубен е и легитимитетот на градоначалникот на општината, Максим Димитриевски. Иако максимално активен во претседателската кампања, иако посегна по недозволената булдожер кампањата, па асфалтираше и тампонираше голем број на улички по наслебите во нашата општина, сметајќи дека така ќе тргува со гласовите на граѓаните, сепак ваквото потценување на кумановци го чинеше драстично топење на бројот на неговите гласови, - вели Петрушевски.

    Петрушевски ги повика сите граѓани на 5-ти мај, да и одржат уште една лекција на оваа власт и да гласаат за кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова.

    „Ајде да ги казниме за лажните ветувања за 500 евра плата, за лажното ветување за живот во Македонија, за лажното ветување за повеќе пари за земјоделците, за лажното ветување за 100.000 денари плата за лекарите, за лажното ветување за правда и мир, за лажното ветување дека нема да чепкаат во Уставот и дека нема да го менуваат името на Република Македонија, - заврши Петрушевски.