×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ:Кумановци нема да прифатат распродавање на националните интереси

    05.09.2018 10:59 | KumanovoNews

    СДСМ на дело покажа дека Куманово е заробен град и со големи притисоци ја мобилизираше целата локална и државна администрација во Куманово, за присуство на трибина во Домот на културата, терајќи строго партиска агенда, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

    ВМРО-ДПМНЕ:Кумановци нема да прифатат распродавање на националните интереси

    - Освен релативно слабиот одзив на уценетата и притисната локална и државна администрација, на трибината поддршка не дадоа кумановци, кои со тоа јасно ставија до знаење дека срамниот договор со Грција значи бришење на Република Македонија, бришење на македонскиот идентитет, македонската традиција, култура и историја. Пораката на кумановци е јасна, тие никогаш нема да прифатат или поддржат распродавање на националните интереси како параван за прикривање на криминалот во кој се впуштени Заев и неговите соработници. Интерес на најголемиот број на кумановци е Република Македонија интегрирана во ЕУ и НАТО, каде може да не внесат само политичари кои поседуваат и практикуваат европски вредности, - изјави Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Куманово.

      Тој смета дека министерот  Никола Димитров во своето 15 минутно излагање пред кумановци не кажал ниту збор за последиците од штетниот и капитулантски договор со Грција, обидувајќи се тие штетни последици да ги задскрие елаборирајќи за европски вредности.