×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во „Бавчи“ изгоре куќа

    17.03.2010 15:58 | KumanovoNews

    Во голем пожар синоќа изгоре куќа на семејството Алиевски во ромската населба Бавчи. Според сопственикот, огнот се појавил на електрично броило во ходникот и брзо се проширил во другите делови на куќата.

    Во „Бавчи“ изгоре куќа

    При тоа огнената стихија ја пеплосала целата покуќнина и четирите простории во кои живее ова 16 члено семејство.

    - Бевме во другата соба, кога почнало да гори. За среќа брат ми веднаш ги изнесе четирите малолетни деца, а ние со соседите се обидоме да гасиме. Но имавме голем проблем, бидејќи немаме вода овде, и не успеавме ништо да спасиме. Се ни изгоре, повеќе немаме ништо. Покуќнината, апаратите, немаме ни една лажица. Нема ни каде да живееме, сите сме невработени и обезбедуваме пари за леб со собирањето пластика и две илјади денари социјална помош. Ги молам надлежните институции и сите добри луѓе да ни помогнат - вели Бурхан Алиевски, сопственик на куќата.

    Пожарот избувна во 17.30 и противпожарните екипи интервенирале брзо, но поради непристапниот терен до куќата, им требало повеќе време да започнат со гаснењето.Полицијата извршила увид,а материјалната штета и причината за пожарот допрва ќе се утврдува.

    Во пожарот нема повредени, но поради претрпен страв сопственичката на куќата завршила во болница. Останатите членови ноќта ја поминале кај соседите, но незнаат каде ќе се сместат наредните денови.

    Засега само Локалната самоуправа и градоначалникот најавија парична помош од 60 илјади денари.