×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Куманово прогласена епидемија на мали сипаници, 15 болни

    28.02.2019 09:02 | KumanovoNews

    Центарот за јавно здравје во Куманово денеска прогласи епидемија на мали сипаници, бидејќи бројот на заболени достигна 15.

    Во Куманово прогласена епидемија на мали сипаници, 15 болни

    Во последната недела се регистраирани 7 нови случаи, а предходно од почетокот на месецот се имаше 8 заболени од мали сипаници. Меѓу новозаболените се едно 6,5 годишно дете, прваче во основно училиште кои престојувало во целодневен престој во градинка и двајца здравствени работници на детското одделение во Кумановската болница. Од вкупниот број на заболени 11 се од Општина Куманово, а четворица од селата во Општина Липково. Според старосната структура: 7 заболенини се до 1 годишна возраст, 1 заболено е на 6, 5 годишна возраст, тројца се на возрас од 20 до 29 години и четворица од 30 до 39 години.    

    „Од страна на епидемиолошката служба на Центар за јавно здравје Куманово, континуирано ја следиме епидемиолошката состојба со мали сипаници и се преземаат мерки и активности на терен. Тоа се однесува на навремено пријавување на заболените од страна на матичните лекари и на одделенијата на Општа болница Куманово, изготвуваме епидемиолошки анкети, а пред се нашата активност е насочена кон откривање на контактите на заболените. Тоа е проверка на вакциналниот статус, доколку контактите не се вакцинирани се врши нивно вакцинирање. Направени се епидемиолошки увиди во сите градинката, како и во училиштето каде детето ја посетува наставата. Дадена е информација за какво заболување се работи, направена е дезинфекција и проверка на вакциналниот статус. Невакцинираните деца се повикани да се вакцинираат, а во план е вакцинација и на сите здравствени работници на детското и инфективно одделение, кои не се вакцинирани. Од новозаболените, само една мајка не е вакцинирана, шесмесечното бебе не подлежи на вакцинација, а сите останати се комплетно вакцинирани. Оние кои се вакцинирани се со поблага клиничка слика и без компликации, но поради високата контагиозност односно заразност и циркулирање на вирусот, сепак имаме заболени и со две примени дози на вакцина“,- изјави Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје Куманово.

        Во сите градински дадена е препорака децата кои не се вакцинирани да не се примаат во установата, додека во училиштата се проверува вакциналниот статус и се врши теренска имунизација. Во Општата болница Куманово, се воведени посебни мерки, а тоа е забрана за посета, тријажа на пациентите и зголемена дезинфекција.

       Лекарите очекуваат дека во наредниот месец ќе има зголеммена појава на новозаболени, но се надеваат дека доколку се следат нивните препораки и се почитуваат мерките на превенција за ширење на заразато, бројот на новозаболените ќе биде помал.