×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Втора кривична за злоупотреба на службата за двајца вработени во ловечкото друштво „Сокол“

    14.06.2019 10:03 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Ј.(46) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и против С.Д.(67) од село Делисници, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела несовесно работење во службата.

    Втора кривична за злоупотреба на службата за двајца вработени во ловечкото друштво „Сокол“

    На 05.10.2016, 15.11.2016 и 21.12.2016 година на теренот на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, ловочувари затекнале лица од село Облавце, општина Старо Нагоричане, од село Студена Бара, кумановско и од Куманово, при незаконит лов и им ги одземале ловните пушки, по што ги предавале на првопријавениот, вработен во Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, како одговорен за организација, координација и работа на ловочуварската служба.

    Тој, на сите тројца им посочил дека на жиро сметка на ловечкото друштво треба да уплатат 18.000, 43.000 и 2.000 денари како донација, за да им ги врати одземените пушки. Откако тие ги уплатиле средствата, првопријавениот, спротивно на Законот за ловство, им ги вратил пушките. Второпријавениот, како раководител на стручната служба на Ловечкото друштво „Сокол“ Куманово, со неизвршување на контрола над законско постапување на првопријавениот, овозможил да прибави противправна имотна корист од 63.000 денари за ловечкото друштво и да нанесе штета од 276.750 денари на Буџетот на Република Северна Македонија.