500x100-1
07. 10. 2019 13:11

За една недела откриени 85 возачи, кои возеле пијани или без дозвола

За една недела откриени 85 возачи, кои возеле пијани или без дозвола

Во текот на изминатата недела (30.09-07.10.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности, при што се откриени поголем број на прекршувања на сообраќајните правила и прописи.

Според извештајот на полицијата, 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 85 возачи, 46 возеле под дејство на алохол и 39 управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

Од сообраќај се исклучени 25 возила бидејќи биле нерегистрирани и три технички неисправни.

Санкционирани се 18 поради некористење сигурносен појас, 24 поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, четири возачи поради непрописно престројување и едно возило поради претовар.

Во текот на изминатата недела издадени се 392 мандантни платни налози, 139 прекршочни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.