500x100-1
28. 12. 2009 15:49

Чарли Шин за Божиќ во затвор

Чарли Шин за Божиќ во затвор

Познатиот холивудски актер Чарли Шин е оптужен за семејно насилство со што поголемиот дел од Божиќ го помина во притвор. Полицијата го уапсила Шин (44) во неговата куќа во Аспен, одморалиште во Колорадо. Тој е обвинет поради напад врз својата сопруга Брук Мјулер.

Амбулантното возило се наоѓало пред куќата на Шин, но никој не бил префрлен во болница.

Шин и Мјулер се венчале во мај 2008 година, а во март ги добиле близнаците Боб и Макс. Шин со претходната жена Дениз Ричардс има две ќерки.

Чарли Шин, син на актерот Мартин Шин и брат на режисерот Емилијо Еставез, пуштен е од притвор со кауција од 8.500 долари.

Ова не е негов прв кривичен престап во 1996 година исто така е уапсен поради злоставување. Пред 11 години овој актер е примен во болница поради прекомерна употреба на дрога.