500x100-1
03. 09. 2019 18:47

Дневно вежбање од 15 минути го продолжува животот

Дневно вежбање од 15 минути го продолжува животот

Неодамнешната студија во Тајван ја истражуваше врската помеѓу физичката активност и морталитетот.

За ова истражување биле надгледувани луѓето кои вежбале по 90 минути во текот на неделата, односно по 15 минути во текот на денот, а резултатите покажале дека овие луѓе живеат подолго.

Истражувањето траело 8 години, а биле надледувани 400.000 испитаници, со што на сите им биле вршени редовни здравствени прегледи.

Во споредба со нив, односно луѓето кои вежбале помалку време, имале 17 % поголем ризик да починат од било која причина, а 11 % заради малигнитет. Луѓето кои вежбале по 15 минути во текот на денот, биле поврзани со 4 % намалување на ризикот од смртност од било која причина, а 1 % намален ризик од смртност предизвикана од малигнитет.

Овие резултати биле слични и кај луѓето од двата пола, а биле независни и од возраста, пушењето на цигари и пиењето на алкохолни пијалоци, како и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Кај мажите кои во 30-тата година биле физички активни по 15 минути во текот на денот, нивниот животен век бил продолжен за 2,6 години, а кај жените за 3,4 години.