500x100-1
09. 10. 2019 11:54

Дневно во светот се пијат дури и до 2,25 билиони шолји кафе

Дневно во светот се пијат дури и до 2,25 билиони шолји кафе

Кафето е еден од најконзумираните пијалоци после водата, на светско ниво. Дневно во светот се пијат дури и до 2,25 билиони шолји кафе.

Причини зошто треба да пиете кафе 

  1. Полно е со антиоксиданти

Иако антиоксидантите ги има и во овошјето, сепак експертите сметаат дека луѓето во својот организам внесуваат многу повеќе кафе, па дека поради истата причина голем дел од антиоксидантите всушност се внесува преку кафето.

2. Мирисот на кафето го намалува стресот

Иако најчесто сите го конзумираме кафето кога ни се спие, сепак истражувањата покажуваат дека конзумирањето на кафето всушност помага за намалување на стресот во глобала. Доколку се чувствувате стресно, не пијте веднаш лекови, обидете се со шоља кафе.

3. Препорачливо е да се пие кафе доколку претходната вечер сте пиеле алкохол

Истражување кое е спроведено на 125 илјади луѓе кои се постари од 22 години, покажало дека луѓето кои пијат барем една шоља кафе во текот на денот за 20 отсто им е намален ризикот од цироза на црниот дроб, која најчесто се појавува поради конзумирање на преголема количина на алкохол, а може да предизвика и рак.

4. Кафето не`прави посреќни

Оние луѓе кои пијат дури и по три кафиња дневно, всушност имаат 10% поголема можност за да ја спречат депресивната состојба. Но за тоа не е заслужен кофеинот, туку гореспоменатите антиоксиданти.

5. Со пиењето на кафето го одржуваме нашиот мозок здрав

Луѓето кои по 65 година во нивниот организам имале поголемо количество на кофеин, биле помалку склони кон развивање на Алцхајмерова болест. Кафето не го буди само нашиот мозок туку и го прави побрз и „посилен“.

6. Го намалува ризикот од развивање на дијабетес тип 2

Конзумирање и на само две шољи кафе во текот на денот, ја намалува можноста од развивање на овој дијабетес, дури и до 50 отсто.